четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Бабун предизвика масовен прекин на струја во Замбија

babun

Поврзани вести

Бабун во Замбија се заиграл на електричните далноводи на југот од земјата и без електрична енергија оставил 50.000 луѓе, пишува во понеделникот BBC.

Прекинот во снабдувањето со струјата се случил во неделата утрото кога разигран мајмун се качил на трафостаница и почнал да ги влече жиците.

„Преживеа силен електричен шок кој луѓе не би го проживеале“, изјавил портпаролот на локалното електростопанство. „Доколку тоа го стореше човек ќе беше уапсен“, додал Хенри Капата.

Тешко повредениот мајмун го спасиле припадници на службата за зачувување на животната средина и сега закрепнува.

Трафостаницата се наоѓа во замбискиот туристички центар Ливингстон, каде дивите животни се вообичаени, имајќи предвид дека граничи со национален парк.

Снабдувањето со електрична енергија било обновено во градо и во блиската Западна покраина.

Најчитани вести