Бабунски ќе биде еден од петте капитени на Барса Б

Голема чест за Бабунски - стана дел од капитените на Барса Б

Барселона Б летово доби нов тренер во името на Жерард Лопез, а тоа го искористи Бабунски, кој импресионарише во подготвителниот период, постигнувајќи три гола на пријателските средби.

Токму поради тоа, Лопез покрај Алехандро Грималдо, Серхи Сампер, Серхио Хуесте и Роберт Коста, го избра и Бабунски за капитен на мечевите во оваа сезона, во која Барса Б ќе игра во третата шпанска лига, откако во минатата испадна од Сегунда.

Со изборот меѓу капитените, Бабунски повеќе од сигурно е дека и оваа сезона ќе остане во Каталонија, и покрај најавите на италијанските медиуми дека е можно да ја засили Сампдорија. Каталонските медиуми неодамна посочија дека тој е еден од сигурните членови на Барса Б, која треба да го скрати списокот од 35 фудбалери на 23 за новата сезона.