Бабунски доби голема помош од сениорската репрезентација на Македонија

Не само на сениорската,  и селекторот на младата репрезентација на Македонија, Бобан Бабунски пред неколку часа го објави списокот со фудбалери кои ќе бидат во комбинација за квалификацискиот натпревар против слекцијата на Португалија, кој ќе се одигра на петти март.
Со цел да се забележи позитивен резултат во дуелот против најголемиот фаворит во групната фаза, од сениорскиот во младинскиот тим се прекомандувани Алиоски, Бабунски, Трајковски и Ристовски.
“Добивме голема помош од А-селекцијата на Македонија. Знаеме колку е квалитетна репрезентацијата на Португалија, колку е силна, дека е фаворит за првата позиција во нашата група. Јас се надевам дека ќе одиграме како на претходните натпревари. Можеме да се надигруваме и можеме да стигнеме до позитивен резултат на ова тешко гостување”, изјави Бабунски.

СПИСОК СО ФУДБАЛЕРИ:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија)
ОДБРАНА: Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Висар Муслиу (Ренова), Христијан Драгарски (Пелистер), Дино Најдоски (Работнички), Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Стефан Ашковски (Напредак, Србија), Александар Дамчевски (Черноморец, Бугарија)
СРЕДЕН РЕД: Мартин Блажевски (Вардар), Дарко Мицевски (ОФК Београд, Србија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Дарко Велковски (Работнички), Александар Анастасов (Пелистер)
НАПАД: Фахрудин Ѓурѓевиќ (Македонија ЃП), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Марјан Радески (Металург), Дориан Бабунски (Реал Мадрид, Шпанија).