Бабунски е новиот херој на Барселона Б

Давид Бабунски, репрезентативецот на Македонија, го постигна дебитантскиот погодок во шпанската Примера дивизион и е најзаслужен за минималниот триумф од 4:3 кој неговиот тим, Барселона Б, го забележа во првенствениот дуел против екипата на Алкоркон.

Нашиот интернационалец одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со одмерен удар во 93. минута ја затресе мрежата на гостите, поставувајќи ги конечните 4-3 на оваа средба.

На едно коло до крајот на сезоната Барселона Б е третопласирана на табелата во втората шпанска лига, зад екипите на Еибар и на Ла Коруња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.