вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 57

Бабунски: Одиме на победата против Иран

Пријателскиот натпревар Македонија – Иран се игра вечер со почеток во 19 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Бабунски: Одиме на победата против Иран

Бабунски: Одиме на победата против Иран

Последни вести

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски изјави дека конечно во националниот тим има одлична атмосфера, а кај играчите желба, мотив и подготвеност да одиграат за резултат. Тој верува дека Македонија вечерва ќе го совлада Иран и ќе влезе во победничката серија започната во петокот со Азербејџан.

– Добро работиме, има одлична атмосфера и одиме на победа против Иран. Чувствувам една огромна разлика од тоа кога бев првпат во селекцијата пред две години и сега. Има доста позитивни промени -атмосфера, начин на работење, после долго време почнавме да се чувствуваме среќни и задоволни. Сега на нас ни останува тоа да го дефинираме, да работиме кон таа идеја без разлика на резултатите. Ми се допаѓа тоа што почна да се зборувам за нов менталитет од играчи и тренери. Се надевам дека тоа ќе го препознае и публиката и ќе дојде да не поддржи, изјави Бабунски.

Пријателскиот натпревар Македонија – Иран се игра вечер со почеток во 19 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Најчитани вести