Бачев за РСМ: Заев веднаш да се произнесе јавно пред македонскиот народ за Договорот со Ахмети

Ова го изјави Универзитетски професор Јанко Бачев за „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија, додавајќи дека на тој начин ќе се разреши дилемата, односно, доколку СДСМ нема договор со кој се загрозуваат националните и државните интереси тогаш народот ќе им посака успешна работа во остварување на програмата на владата предводена од СДСМ.

Но, доколку произлезе дека се договорени работи за рушење на Македонија и Македонците, тогаш народот ќе застане во одбрана на Татковината и по секоја цена, било со ненасилни или насилни средства ќе спречат формирање влада на антимакедонски основи, оценува Бачев.

Според него, голема е загриженоста кај народот од поделеноста што ја гледаме за прашања од витален национален и државен интерес за Република Македонија.

-Од една страна гледаме и слушаме дека Заев практично се договорил со Ахмети за идентитетска промена на Македонија и Македонците со двојазичноста, промена на името, знамето, грбот и химната, додека пак, од друга страна, слушаме дека разговорите на СДСМ со ДУИ биле поставени исклучиво на Уставот, категоричен е Бачев.

Тој се осврна и за генезата на двегодишната криза во Македонија и од каде таа потекнува и со став:

Се започна кога „ѕверот“  инаку претпознатлив по ,,шарените револуции“ и рушење на влади, а од кого денес се срами и актуелниот американски претседател Доналд Трамп за злоделата што ги сторил во изминатите децении во многу држави и обиди за рушење на легално избрани влади, како што е и Македонија.

Процесот на „некој“ од некои наречен „сценаристот“, од некои „чадорот“, а јас во моите настапи го нарекувам „ѕверот“ да се зададе решавачкиот удар врз Македонија, има своја хронолошка димензија која е актуелна до ден денес, појаснува Бачев.