Бадник и Божик неработни денови

Утре шести јануари, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Согласно Законот за празниците, седми јануари (вторник) првиот ден на Божик, според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

За припадниците на православана вероисповед  неработен е и  19-ти јануари кога се празнува празникот Богојавление-Водици.