петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 53

Бадник, најпопуларен ден за запросување!

svadba

Поврзани вести

Не, Денот на вљубените не е омилениот ден за запросување. Не е ниту Новата година. Идеален момент за запросување е Бадник.

Резултатите на истражувањето кое го спровела британска компанија, која се занимава со оганизирање на венчавки, покажало дека на прво место според популарноста кога станува збор за запросување е Бадник.

Според истражувањето 31 отсто од околу 10.000 испитаници рекле дека Бадник е идеалниот момент да се клекне пред избраничката.

На второ место е Денот на вљубените, а на трето новогодишната ноќ.

Директорката на компанијата, Сенди Морета вели дека токму Бадник се нашол на првото место бидејќи тоа е „романтичен период од годината, со снегулки и светлосни декорации, а воедно и семеен празник“.

Па, доколку планиравте да ја запросите девојката околу празниците, побрзајте со подготовките во пресрет на Бадник!

Најчитани вести