Спорт

Баерн го демолираше Ајнтрахт и го освои германскиот Суперкуп

Баерн го демолираше Ајнтрахт и го освои германскиот Суперкуп

Фудбалерите на акуелтниот германски шампион Баерн од Mинхен го освоија во неделата германскиот Суперкуп, откако во Франкфурт го совладаа домашниот Анјтрахт со 5:0.

Хет-три постигна Роберт Левандовски, во 21, 26 и 54 минута, а по еднаш прецизни беа Кингсли Коман во 63 и Тиаго во 85 минута.

Итернесно е што во мај годинава во финалето од германскиот Куп, Ајнтрахт со 3:1 го совлада Баерн, а го предводеше токму сегашниот тренер на „Баварците“, Нико Ковач.