Баерн го надигра Шалке во дербито на Бундеслигата

Во дербито на 22-то коло на германското фудбалско првенство Баерн на домашен терен во Минхен со 2:1, резултат од првото полувреме, го совлада Шалке 04.Во дербито на 22-то коло на германското фудбалско првенство Баерн на домашен терен во Минхен со 2:1, резултат од првото полувреме, го совлада Шалке 04.

Берн поведе во шестата минута преку Левандовски, а во 29 минута на 1:1 израмни Ди Санто,а  водството, и како што ќе се покаже подоцна и победата, на баварците им ја обезбеди Милер во 36 минута. Но за овој погодок сепак најзаслужен е голманот на Шалке, Фрарман, кој дозволи ударот на Милер откосо да мине меѓу него и поблиската статива.

Шалке остана шести со 34 бодови, четири помалку од второпласираниот РБ Лајпциг, кој во петокот со 2:0 го совлада Аугсбург. Водечкиот Баерн Минхен сега има 56 бодови, односно речиси недостижни 18 повеќе пред првиот конкурент.

Претходно во саботата Хофенхајм со 4:2 (1:1) дома славеше против Мајнц 05. По два гола за домашните постигнаа Салаи, во 27 и 74 минута, и Крамариќ, во 67 и 88 минута, додека гостите израмнија и го намалија водството преку Берген во 28 и 80 минута. Хофенхајм сега скокна на 8-то место на табелата со 31 бод, додека Мајнц остана 16-ти со 20 бодови.

Ајнтрахт пред своите навивачи во Франкфурт со идентични 4:2 го победи Келн. Стрелци за домашните беа Ребиќ во 15, Рус во 59, Фалете во 65 и Волф во 67 минута, додека за гостите погоди Теорде од пенал во 57 и од игра во 74 минута. Ајнтрехт сега е четврти на табелата со 36 бодови, два помалку од второпласираниот РБ Лајпциг а еден повеќе од петтиот Баер од Леверкузен. Келн остана на самото дно од табелата со само 13 бодови.

Хановер 96 со головите на Антон во 28 и Клаус во 54 минута славеше над Фрајбург за кој стрелец беше Гулде во 88 минута. Со оваа победа Хановер стаса до 9-то место со 31 бод, додека Фрајбург остана 12-ти со 25 бодови.

Баер Леверкузен претрпе домашен пораз од 0:2 од берлинска Херта, за која погодоците ги постигнаа Лазаро во 43 и Калу во 58 минута. Баер остана петти со 35 бодови, додека Херта се зацврсти на 11-та позиција сега со 30 бодови.

Со идентичен резултат 2:0 во Дортмунд домашната Борусија го совлада Хамбургер СВ, а стрелци беа Батшуаји во 49 и Геце во втората минута од судиското продолжение. Борусија е трета со 38 бодови, бод помалку од вториот Лајпциг и исто толку повеќе од четвртиот Ајнтрахт. ХСВ, пак, е на претпоследната 17-та позиција на табелата со исто толку бодови и му претстои грчевита борба за опстанок во Бундеслигата.