Баерн го уништи Арсенал, Вилиан го “спаси” Мурињо

Баерн Минхен го декласираше Арсенал со 5:1 и уште еднаш покажа дека сезонава е меѓу главните конкуренти за титулата во ЛШ

Ако во првиот меѓусебен меч пред две недели во Лондон доживеа несреќен пораз, синоќа Баерн го уништи својот противник со убедливи 5:1.

Со головите на Левандовски, Милер и Алаба, Баерн уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот, а во вториот дел погодија и Робен, кој стрелаше прецизно само 30-тина секунди откако влезе на теренот, како и Милер кој го постигна својот втор гол на овој меч.

Единствениот гол за гостите го постигна Жиру.

А, многу причини за задоволство, конечно, има Жозе Мурињо кој по подолга пауза конечно успеа со да слави со својот Челзи.

Херој на “сините” беше Вилијан кој со прекрасен гол од слободен удар во 83-та минута му ја донесе победата на својот тим и го однесе на чекор до пласман во следната фаза.



Резултати:

Група Е:
Барселона – БАТЕ 3:0
Рома – Баер 3:2

Табела:

Барселона 10 бода, Рома 5, Баер 4, БАТЕ 3

Група Ф:

Баерн – Арсенал 5:1
Олимпијакос – Динамо З. 2:1

Табела:
Баерн 9 бода, Олимпијакос 9, Динамо З. 3, Арсенал 3

Група Г:

Макаби ТА – Порто 1:3
Челси – Динамо К. 2:1

Табела:

Порто 10 бода, Челси 7, Динамо К. 5, Макаби ТА 0

Група Х:

Гент – Валенсија 1:0
Лион – Зенит 0:2

Табела:

Зенит 12 бода, Валенсија 6, Гент 4, Лион 1