Баерн и Барселона се првите полуфиналисти во ЛШ

Баерн Минхен не дозволи сензација на домашен терен и со високи 6-1 го „прегази“ Порто во реваш-средбата од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Иако по првата средба Баварците имаа негатива од 3-1, сепак фудбалерите на Пеп Гвардиола за само 28 минути успеаја да постигнат дури пет гола и уште по првите 45 минути да го обезбедат пласманот во полуфинаето. Стрелци на головите беа Алкантара, Боатенг, Милер, Алонсо и два пати стрелаше Левандовски.

На втората средба, екипата на Барселона рутинирано дојде до нов триумф над ПСЖ со резултат од 2-0. Херојот на каталонците овој пат беше Бразилецот Нејмар. На првиот меч меѓу овие две екипи одигран минатата недела, Барса победи со 3-1.

Вечерва се играат преостанатите две средби од оваа фаза на ЛШ. Јувентус со минимална предност ќе гостува кај Монако, додека во Мадрид за место меѓу четирите најдобри екипи на „стариот континент“ ќе се борат Реал и Атлетико.