Баерн и Реал по седми пат во европските полуфиналиња, Баварците со подобар скор

Фудбалерите на минхенски Баерн и Реал Maдрид по седми пат во историјата ќе решаваат кој од овие два европски великани ќе се пробие во финалето и ќе се бори за титулата најдобар клуб на континентот.

Историјатот на нивните полуфинални судири им дава предност и надеж на Баварците, бидејќи во ваквите дуели се поуспешни, пласирајќи се четири пати во финалето. Во досеgашните вкупно 24 европски пресметки, и Баерн и Реал оствариле по 11 победи, а само два натпревара завршиле без победник.

Во полуфиналето на Купот на прваците во сезоната 1975/76 Баерн во Мадрид извлече реми 1:1, а со победата во реваншот од 2:0 избори настап во финалето, во коешто во Глазгов ги победи француски Сент-Етјен со 1:0 и по третпат последователно стана европски шампион.

Во сезоната 1986/87 Баерн на првиот дуел на тогашниот „Олимписки стадион“ во Минхен славеше со убедливи 4:1 па минималната победа во реваншот на Реал од 1:0 не беше доволна мадридистите да минат. Фуналето на Купот на шампионите се одигра на виенски „Пратер“, а Баерн беше поразен со 1:2 од португалски Порто.

Во полуфиналето на Лигата на шампионите, Реал и Баерн првпат се судрија во сезоната 1999/2000. Во Мадрид беше 2:0 за „кралскиот клуб“, а во Минхен 2:1 за Баварците. Реал во шпанското финале на париски „Стад де Франс“ ја совлада Валенсија со 3:0.

Баерн се реваншираше една година подоцна, и славеше во двата полуфинални меча. Во Мадрид беше 1:0, а во Минхен 2:1. Во финалето одиграно во Милано, Баерн со подобро изведување на пеналите 5:4 беше подобар од Валенсија.

Баерн до финалето преку Реал стаса и во 2012-та. Баварците тогаш ги водешен нивниот сегашен тренер Јуп Хенкенс, а одлуката за финалистот беше донесена по изведувањето на пеналите, откако и двата натпревара завршија 2:1 за домаќинот. Баерн со 3:1 беше подобар во ударите од белта точка, но „пенал рулетот“ исто така ги чинеше нова европска круна, која на нивната „Алијанц Арена“ отиде кај Челзи.

Последен пат за место во големото финалер Реал и Баерн играа 2014 година. Со 1:0 во Мадрид и убедливи 4:0 во Минхен „кралевите“ минаа во финалето, во кои во Лисабон со 4:1 во продолженијата го надиграа градскиот ривал Атлетико. Тоа беше прв од трите триумфи кои ги освои сегашната генерација на Реал предводена од Кристијано Роналдо.

Интересно е што освен полуфиналните дуели, во кои Баварците беа подобри, Реал и Баерни уште пет пати се среќевале во нокаут фазите во Купот – Лигата на шампионите. Трипати стануваше збор за четвртфинални дуели, а двапати во осминафиналето, а Реал четири пати беше поуспешен. Последниот пат кога играа оваие два клуба во четвртфиналето од Лигата на шампионите во 2017 година, Реал славеше со 2:1 во Минхен и со 4:2 во реванѓот, но дури во продолжението, откако во главните 90 минути биле 2:1 за Баерн.