Магазин

Баерн извади столчиња од Алијанц арената и ги подари на македонско училиште

Баерн извади столчиња од Алијанц арената и ги подари на македонско училиште

Баварците извадија дел од столчињата на „Алијанц Арена“ и ги донираа за разни потреби, а дел од нив завршија во едно основно училиште од Македонија, пренесува Спортмедиа.

Јужната трибина на „Алијанц Арена“ е претворена во стоечка. Германците се одлучија на ваков потег по барање на нивните навивачи се со цел да се подобри атмосферата на натпреварите и да им биде овозможено на навивачите да ги следат натпреварите на начин каков што тие сакаат.

„Секако, Баварците не ги уништија столчињата, туку ги донираа за разни потреби, а дел од нив завршија во едно македонско основно училиште. Еден млад Швајцарец по потекло од Македонија е голем навивач на Баерн, а воедно и член на здружението кое во Швајцарија е составено од лица кои потекнуваат од струшкото село Делогожди. Тој ги замолил лицата во клубот преку писмо и побарал дел од столчињата да бидат подарени во неговото место и клубот му излегол во пресрет“, пишува порталот.

Столчињата од Минхен биле доставени до Цирих, каде што е седиштетото на здружението, а од таму истите биле транспортирани до струшкото село.