Баерн ја елиминираше Борусија Д во националниот куп

Фудбалерите на минхенски Баерн изборија пласман го четврфиналето на германскиот ДФБ Куп откако во средата вечерта со 2:1 ја совладаа Борусија од Дортмунд.

Баварците одлично го отворија мечот и во првите десет минути имаа три одлични шанси. Видал во 3 минута ја погоди стативата, Роман Бурки во 8 минута фантастично го одбрани ударот на Роберт Левандовски, а во 11 минута и на Франк Рибери. Но ураганскиот притисок на Баерн донесе резултат веќе во 12 минута кога Џером Боатенг погоди за 1:0. Доминацијата на домашните во првото полувреме ја потврди Томас Милер во 40 минута.

Џејмс и Милеро во 46 и 50 минута можеа да го решат прашањето на победникот, но противничкиот олман Бурки повторно беше одличен. Борусија по овие две шанси заигра поангажирано и Андриј Ермоленко само намали во 77 минута.

Ајнтрахт од Франкфурт се пласираше меѓу осумте екипи во следната фаза откако на продолженија го совлада второлигашот Хејденхајм со 2:1. Ајнтрахт поведе во 9 минута преки Мијат Гаќинивиќ, но само една минута подоцна изедначи Марк Шнатерер. Сепак бундеслигашот ја однеср победа со голот на Себастијан Халер во 109 минута.

Четвртфинале избори и Баер Леверкузен кој на гостувањето ја совлада Борусија Менхенгладбах со 1:0, а стрелец беше Лион Бејли во 70 минута. Вердер со 3:2 го мина Фрајбург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.