Спорт

Баерн (М) брои 20 мил. евра за Аднан Јанузај

Баерн (М) брои 20 мил. евра за Аднан Јанузај

За време на последниот состанок кој го имал со клупските челници, предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола побарал клубот веднаш на стартот од летниот преоден рок да испрати официјална понуда за малдиот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај.

Белгискиот интернационалец во октомври го потпиша понудениот 5-годишен договор, а раководните лица на Манчестер Јунајтед се убедени дека 19-годишниот Јанузај сака да остане на “Олд Трафорд” и дека по завршувањето на актуелната сезона.

Оптимистичко расположение може да се забележи и кај трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, кој е убеден дека услугите на Јанузај можат да бидат осигурани со официјана понуда не помала од 20 мил. евра.