Баерн (М) го освои првиот трофеј во новата сезона

Иако настапи со комбиниран состав, тимот на Баерн (М) без многу мака и во голем стил триумфираше во финалниот натпревар од годинашното издание на Т-Хоме Купот.
Иако ги немаше на располагање услугите на сите репрезентативци на Германија, трофејниот шпански стручњак Пеп Гвардиола состави тим кој сосема заслужено со убедливи 3:0 славеше во дуелот против големиот ривал од германската Бундес лига, тимот на Волфсбург.
Најзаслужен за првиот освоен пехар во новата сезона е полскиот интернационалец Роберт Левандовски кој постигна два погодока на натпреварот, во листата на стрелци се запиша и второто летно засилување од редовите на Ајнтрахт од Франкфурт, Себастијан Роде.