Спорт

Баерн (М) гостува во Мадрид, Роналдо под знак прашалник

Баерн (М) гостува во Мадрид, Роналдо под знак прашалник

Далеку поголема неизвесност и фудбал поубав за око, треба да понуди денешниот прв полуфинален дуел од Лигата на шампиони, помеѓу претставниците на Шпанија и Германија, Реал (М) и Баерн (М).
Ако се анализира формата и постигнатите резултати во изминатиот период, тогаш “кралскиот клуб” ќе располага со улогата на благ фаворит.

По пауза од две недели, повторно на зелениот терен ќе истрча најголемата ѕвзеда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо, а најверните фанови на шпанскиот гигант многу очекуваат и од најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец, Герет Бејл.

„Кристијано не почуствува никаква болка за време на последниот тренинг. Тренираше без никакви проблеми. Во последниот момент ќе одлучам дали дуелот против Баерн (М) ќе го стартува од првата минута или од клупата за резервни фудбалери. Ќе игра ако е 100% подготвен, а нема да игра ако има и најмал ризик. Имаме уште еден многу важен натпревар, следниот вторник во Минхен”, изјави тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти.

Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола нема главоболка кога здравствениот билтен, но е малку загрижен поради формата на неговите фудбалери кои се опуштија откако и математични ја осигураа новата, 24. тутула во германската Бундес лига.

„Реал (М) е специјален клуб, а сега и со Карло Анчелоти се можеби и најтешкиот противник кој можевме да го добиеме во полуфиналната рунда. Среќен сум кога сум дел од едно 1/2 финале, уште посреќен кога за противник го имам Реал (М). Мора да одиграме без грешка, само така ќе забележиме позитивен резултат на ова тешко гостување. Публиката сака да биде сведок на еден спектакуларен натпревар, а ќе има вистински спектакл ако и Роналдо биде дел од овој натпревар”, изјави шпанскиот стручњак.