Баерн (М) ќе продолжи со купување на фудбалери од Борсуија Д.

Генералниот менаџер на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге, изјави дека баварскиот гигант и понатаму ќе купува фудбалери кои го носат дресот на најголемиот ривал од германската Бундес лига, Борсуија од Дортмунд.

“Мислам дека нема во блиската иднина да донесеме таква сензационална одлука дека повеќе нема да купуваме фудбалери кои го носат дресот на Борусија од Дортмунд. Имаме одлична соработка со раководните лица на Борусија од Дортмунд. Изминатото лето имав состанок со извршниот директор на Борсуија, Ханс-Јоаким Ватцке и можам да потврдам дека ги надминавме сите несогласувања”, изјави Румениге.