Спорт

Баерн (М) на колена, Галата и Јуве стартуваат во 14 часот

Баерн (М) на колена, Галата и Јуве стартуваат во 14 часот

На претходно пласираните Манчестер Јунајтед, Реал (М), ПСЖ, Баерн (М) и Манчестер Сити има се приклужија уште Баер од Леверкузен и Олимпијакос.

Поради лоши временски услови, комбинација на град и снег, во 31 минута беше прекинат дуелот помеѓу директните ривали за втората позиција во групата “Б”, Галатасарај и Јувентус, а истиот ќе продолжи денеска со почеток во 14 часот.
Горчливиот вкус на поразот, најпосле го почуствуваа и фудбалерите на актуелниот европски клупски шампион, Баерн (М), кои иако имаа предност од два гола, на крајот загубија со минимални 3:2 од најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити.

Резултати:
ГРУПА А: Манчестер Ј. – Шахтјор Д. 1:0, Сосиедад – Леверкузен 0:1. Табела: Манчестер Ј. 14, Леверкузен 11, Шахтјор 8, Сосиедад 1 бод.

ГРУПА Б: Копенхаген – Реал М. 0:2, Галатасарај – Јувентус 0:0 (прекин). Табела: Реал (М) 16, Јувентус 6, Галатсарај 4, Копенхаген 4 бода.

ГРУПА Ц: Олимпијакос – Андерлехт 3:1, Бенфика – ПСЖ 2:1. Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 10, Бенфика 10, Андерлехт 1 бод.

ГРУПА Д: Баерн М. – Манчестер С. 2:3, Викторија П. – ЦСКА М. 2:1. Табела: Баерн М. 15, Манчестер С. 15, Викторија П. 3, ЦСКА М. 3 бода.