Спорт

Баерн (М) не прифаќа размена Рибери за Роналдо

Баерн (М) не прифаќа размена Рибери за Роналдо

Извршниот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге, откри дека и пред да почне официјлната церемонија, на сите им било јасно дека престижната награда на ФИФА и Франс Фудбал, “Златната топка” ќе заврши во рацете на најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо.

„На сите ни беше јасно кога ја видовме делегацијата која пристигна од Мадрид. Бевме свесни, заневме што ќе се случи на свечената церемонија, заневме дека Роналдо ќе ја добие „Златната топка”. Точно дека ја освои, но Баерн (М) не би прифатил размена помеѓу Кристијано Роналдо и Франк Рибери”, изјави Румениге.