Баерн (М) немаше милост ниту за Хамбургер

Како и што се очекуваше, актуелниот шампион, тимот на Баерн (М), не дозволи никакво изненадување во саботната пресметка од 16. коло во германската Бундес лига и сосема заслужено со 3:1 го победи гостинскиот тим на Хамбургер.
Само еден бод, на незгодното гостување во Хофенхајм, освоија фудбалерите на Борусија од Дортмунд, кои останаа непоразени иако во финишот од првото полувреме имаа негатива од два гола.
Резултати: Аугсбург – Брауншвајг 4:1, Хановер – Нирнберг 3:3, Баерн М. – Хамбургер 3:1, Хофенхајм – Борусија Д. 2:2, Мајнц – Борусија М. 0:0.