Баерн (М) победи со судиска помош, Атлетико (М) незаслужено се радува во Милано

Со голема судиска помош, актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Баерн (М), забележа сигурен триумф од 2:0 во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, каде за противник го имаше одличниот тим на Арсенал.

Домаќинот пропушти идеална шанса за водство во 9 минута, но ударот на Озил од белата точка успешно беше одбранет од голманот на Баерн (М), Мануел Ноер.

Во 39 минута, дефанзивецот на Баерн (М), Давид Алаба промаши удар од белата точка но за разлика од првата ситуација, кога фудбалерот на Баерн (М), Џером Боатенг доби само жолт картон за намерниот прекршок врз Озил, италијанскиот арбитар Никола Рицоли во втората ситуација му додели директен црвен картон на голамот на Арсенал, Војчек Шчесни поради намерниот прекршок врз Робен.

Првиот 1/8 финален натпревар помеѓу претставниците на Италија и Шпанија, Милан и Атлетико (М) заврши со минимален, но незаслужен триумф на гостинот од Мадрид.

Новиот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста во 83 минута го постигна единствениот погодок на натпреварот.