Спорт

Баерн (М) прифати продажба на Томас Милер

Баерн (М) прифати продажба на Томас Милер

Извршниот директор на германскиот гигант Баерн (М), Карл-Хајнц Румениге потврди дека има каква-таква вистина во пласираната шпекулација дека Томас Милер има побарано да биде продаден за време на летниот преоден рок, по можност на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Мојата врата, таа од мојата канцеларија е секогаш отворена за секој фудбалер кој не се чуствува како што сака на “Алианц Арена”. Слободно нека тропне на мојата врата и нека дојде на разговор. Јас сум подготвен да разговарам и на оваа тема”, изјави Румениге.

Англиските медиуми се убедени дека репрезентативецот на Германија сигурно ќе заврши на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок, а неговиот актуелен клуб ќе заработи околу 30 мил. евра од неговата продажба.