Баерн (М) прв фаворит и за Отмар Хицфилд

Поранешниот тренер на Баерн (М), а сега селектор на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Отмар Хицфилд, е убеден дека баварскиот гигант е прв фаворит кога е во прашање победничкиот пехар во годинешното издание од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Секогаш веста ќе биде дефинирана како сензационална кога еден тим ќе сруши еден таков рекорд. Не постои таков тим кој ја има освоено шампионската титула веќе во месец март. Баерн (М) игра фантастично цела сезона. Играат уште подобро под водство на Пеп Гвардиола, кој може да се пофали и дека ги има освоено сите можни трофеии на клупската сцена. Според мене, Баерн (М) е прв фаворит и кога е во прашање победничкиот пехар во годинешното издание од Лигата на шампиони”, изјави Хицфилд.