Спорт

Баерн (М) сака да си поигра и со Хамбургер

Баерн (М) сака да си поигра и со Хамбургер

Пет погодоци, три во гостинската и два во домашната мрежа, беа постигнати на премиерниот натпревар од 16. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу екипите на Херта од Берлин и Вердер од Бремен.

Искусниот тим на Хамбургер, денеска најверојатно ќе биде најновата жртва на актуелниот шампион и лидер на табелата, екипата на Баерн (М), а многу потешка задача на гостувањето во Хофенхајм, ќе имаат фудбалерите на Борсуија од Дортмунд.

Иако гостинот ќе настапи без неколку стандардни првотимци, предводникот на “црно-жолтите”, Јирген Клоп, најави одлична игра и освојување на нови три бода.

“За да го победиме Хофенхајм, ние мора да бидеме совршени, не смееме да направиме ниту една грешка. Мислам дека можеме да го направиме тоа и покрај големите проблеми кои ги имаме со повредите”, изјави Клоп.

Денеска на програмата: Мајнц – Борусија М., Баерн М. – Хамбургер, Аугсбург – Брауншвајг, Хофенхајм – Борусија Д., Хановер – Нирнберг, Волфсбург – Штутгарт.