Спорт

Баерн (М) се прошета низ Хамбург

Баерн (М) се прошета низ Хамбург

Саботните натпревари од 33. коло во германската Бундес лига не понудија ништо сензационално кога е во прашање играта и ефектот на апсолутните фаворити.

Старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), со убедливата победа од 4:1 на гостувањето во Хамбург на најдобар може начин покажа дека е веќе минато срамната елиминација во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони.
Минимална победа од 3:2 во дуелот против гостинскиот тим на Хофенхајм забележаа фудбалерите на Борусија од Дортмунд, а сигурна победа од 2:0 но на гостувањето во Фрајбург забележаа фудбалерите на Шалке.

Идентична победа на гостувањето во Фракфурт забележа тимот на Баер од Леверкузен кој и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање четвртата позиција на табелата.

Резултати: Брауншвајг – Аугсбург 0:1, Штутгарт – Волфсбург 1:2, Хамбургер – Баерн М. 1:4, Борусија Д. – Хофенхајм 3:1, Борусија М. – Мајнц 3:1, Вердер – Херта 2:0, Ајнтрахт Ф. – Леверкузен 0:2, Нирнберг – Хановер 0:2, Фрајбург – Шалке 0:2.