Баерн (М) си поигра и со Баер од Леверкузен

Како и што се очекуваше, актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М) не дозволи никакво изненадување на саботниот натпревар од 25. коло во германската Бундес лига и сосема заслужено со минимални 2:1 го победи секогаш незгодниот тим на Баер од Леверкузен.

Минимален но максимално непријатен пораз од 2:1, во дуелот против екипата на Борсуија од Менхенгладбах, доживеа вицешампионот на Германија, тимот на Борусија од Дортмунд.

Вината за новиот кикс, домашинот мора да ја побара во сопствените редови, поточно во очајата игра во првите 45 минути.
Најпријатното изненадување во актуелната сезона, тимот на Мајнц забележа нов триумф, но сега на гостувањето во Хофенхајм, а голем удел во освоените три бода има и репрезентативецот на Македонија, Николче Новески.

Резултати: Борусија Д. – Борусија М. 1:2, Вердер – Штутгарт 1:1, Хофенхајм – Мајнц 2:4, Брауншвајг – Волфсбург 1:1, Херта – Хановер 0:3, Баерн М. – Леверкузен 2:1.

Денеска на програмата: Хамбургер – Нирнберг, Ајнтрахт Ф. – Фрајбург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.