Баерн (М) со петарда обезбеди пласман во полуфинале

Многу полесно од очекуваното, бранителот на тронот, тимот на Баерн (М), забележа убедлива победа од 5:0 над очајниот тим на Хамбургер и обезбеди пласман во следната, полуфинална рунда од Купот на Германија.

Нов хет-трик на своето конто запиша репрезентативецот на Хрватска, Марио Манџукиќ, а противничката мрежа ја погодиија и интернационалците од Бразил и Холандија, Данте и Ариен Робен.

Срамен пораз од 1:0 во дуелот со второлигашот Кајзерслаутерн доживеа моментално второпласираниот тим во германската Бунде лига, Баер од Леверкузен, а дуелот помеѓу екипите на Хофенхајм и Волфсбург заврши со минимален триумф на гостинот од 3:2.