Баерн (М) со стил го победи и елиминира Гуангжу

Многу полесно од очекуваното, фудбалерите на актуелниот европски клупски шампион, Баерн (М), обезбедија пласман во финалниот натпревар од годинашното издание на Светското клупско првенство кое се одржува во Мароко.

Германскиот бундеслигаш одигра фуризоно во финишот од првото и на стартот од второто полувреме, а таквата игра на крајот се покажа како доволна за да биде остварен убедлив триумф од 3:0 (Рибери 40′, Манџукиќ 44, Геце 47′) во пресметката со шампионот на Азија, Гуангжу од Кина.
“Го исполнивме тоа што беше побарано од нас. Тренерот побара да обезбедиме пласман во финалниот натпревар. Точно дека направивме неколку грешки, дека не искористивме неколку чисти шанси, но успеавме да постигнеме три погодоци”, изјави по натпреварот крилниот напаѓач на Баерн (М), Марио Геце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.