Спорт

Баерн Минхен без Робен и Рибери

Баерн Минхен без Робен и Рибери

Актуелниот шампион на Германија Баерн Минхен ќе биде ослабен на претстојното гостување на Вердер за викенд во Бундеслигата.

Ќе одмораат двајца од најважните фудбалери во клубот оваа натпреварувачка кампања.

Поради помали повреди нема да настапат Ариен Робен и Франк Рибери додека Чаби Алонсо е суспендиран поради жолти картони.

И двајцата беа заменети на реваншот во Лигата на шампионите против Шахтјор.

Германскиот клуб со резултат од 7:0 го доби возвратниот двобој против ривалот од Доњецк.