Баерн Минхен ќе напаѓа, Реал Мадрид ќе се брани

Вниманието на фудбалската јавност денеска ќе биде насочено кон “Алианс Арена” каде ќе се одигра реванш полуфиналниот дуел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, вториот дел од пресметката помеѓу најбогатите и најтрофејните од Германија и Шпанија, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Домаќинот, кој истовремено е и актуелен бранител на тронот реванш дуелот го стартува со негатива од еден гола, а за разлика од баварскиот гигант кој мора да постигне најмалку еден погодок, гостинот од Шпанија ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар и ако дуелот во Минхен заврши без погодоци.

Предводникот на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен, Пеп Гвардиола откри дека најмногу очекува од францускиот интернационалец, Франк Ррибери, кој одигра под очекуваното ниво на првиот натпревар во Мадрид.

“Франк Рибери е од голема важност за Баерн Минхен и Баерн Минхен има потреба од неговите услуги. Подолг временски период е дел од најголемиот клуб во Германија. Јас сум среќен кога Франк игра во добар форма, кога ја има потребната енергија и кога е мотивиран. Сепак, сакам Франк да биде лут, да биде агресивен против Реал Мадрид. Знам дека го има тој борбен, напреварувачки дух. Секогаш се бори за секоја топка, и затоа е омилен помеѓу фудбалските фанови. Станува збор за еден од најголемите фудбалери кои некогаш го носеле дресот на Баерн Минхен, изјави трофејниот шпански стручњак.