Баерн Минхен со судиска помош до двојна круна

Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија двојната круна откако со 2:0 славеа во финалниот натпревар од Купот на Германија, во кој за противник го имаа одличниот тим на Борусија од Дортмунд.

Првиот погодок на натпреварот беше постигнат во 107 минута, а беше дело на холандскиот интернационалец, Ариен Робен, а во 120 минута, во листата на стрелци се запиша и резервниот напаѓач на баварскиот гигант Томас Милер.

Сепак, најголем удел во историскиот успех има главниот арбитар, Флоријан Маер кој во второто полувреме не го призна регуларниот погодок на централниот дефанзивец на Борусија од Дортмунд, Матс Хумелс.

Иако топката со целиот свој обем ја помина гол-линијата, главниот судија не покажа кон центарот.