вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 0

Баерн осамен на врвот во Бундеслигата

Во дуелот на двете првопласирани екипи, синоќа во Минхен, Баерн оствари убедлива победа над Лајпциг со 3:0 и се издвои на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата.

баерн

Поврзани вести

Стрелци на головите беа: Тиаго Алкантара (17.минута), Чаби Алонсо (25) и Роберт Левандовски од пенал (45).

Резултати на натпреварите од 16.коло во Фудбалско првенство на Германија:

Борусија Дортмунд – Аугсбург 1:1,
Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:2,
Хамбургер – Шалке 2:1,
Ајнтрахт – Мајнц 3:0,
Баерн Минхен – Лајпциг 3:0,
Херта – Дармштат 2:0,
Келн – Баер Леверкузен 1:1,
Инголштат – Фрајбург 1:2 и
Хофенхајм – Вердер 1:1.

Табела: Баерн Минхен 39 бодови, Лајпциг 36, Херта 30, Ајнтрахт Франкфурт 29, Хофенхајм 28, Борусија Дортмунд 27,…

Поради претстојните празници следното бундеслигашко коло ќе се одигра на 20 јануари 2017 година.

Најчитани вести