Баерн славеше на гости кај Волфсбург со гол во продолжението

Во средбата на 23-то коло од германското фудбалско првенство, минхенски Баерн славеше на гостувањето кај Волфсбург со 2:1, а победничкиот погодок го постигна Робет Левандовски во судиското продолжение.

Волсфбург поведе во осмата минута со голот на Даниел Дидави и до крајот на првото полувреме успеаја да ја задржи предноста. Но во вториот дел баварците направија пресврт. Сандро Вагнер во 64 минута изедначи по одличната асистенција на Арјен Ронен, а холандскиот интернационалец во судиското продолжение избори најстрога казна којашто ја реализираше Роберт Левандовски. Ова, инаку, е десеттата последователна победа на актуелниот германски шампион.

На табелата води Баерн со 59 бодови, Баерл Леверкузен е втор со 38 бодови, колку што има и РБ Лајпциг на третото место, но има и меч помалку кој ќе го игра во понеделник на гости кај Ајнтрахт.

Баер Леверкузен на гостувањето го совлада Хамбургер ХСВ со 2:1, со што скокна на второто место на табелата. „Аптекарите“ поведоа со 2:0 со головите на Леон Баилеј во 40 и Каи Хавер во 50 минута, додека домашната екипа го ублажи поразот преки Андре Хан во 70 минута. Хамбургер остана на претпоследното 17-то место со 17 бодови.

Фрајбург во дербито на дното го победи Вердер со 1:0, со голот на Нилс Петерсен во 24 минута од пенал. Фрајбург се искачи на 12-то место и има 28 бодови, додека Вердер остана на 15-то место со 23 бодови.

Келн и Хановер одиграа 1:1, а стрелци беа Осако во 29 минута за домашните, а Фулкруг во 37 минута. Келн е на самото дно од табелата со само 14 бодови, додека Хановер е на седмото место со 32 бода.

Претходно во петокот Мајнц со головите на Квајсон со 40 и 65 минута на гости ја совлада Херта. Мајнц останува во зоната на испаѓање, на 16-то место но сега со 23 бодови, а Херта е 11-та со 30 бодови.

Во сабота вечерта играат Шалке и Хофенхајм, а во недела Аугсбург – Штутгарт и Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд.