Баерн среќно до победата, Ајнтрахт загуби два бода

Фудбалерите на Баерн во 17-то коло од германското првенство среќно стигнаа до минималната победа од 1:0 на гостувањето во Штутгарт, каде што домашните пропуштија да реализираат пенал во последните моменти од дуелот, а Ајнтрахт како домаќин ги пропушти водството од 2:0 против Шалке 04 и во завршните секунди ја испуштија победата.

Томас Милер е заслужен за 13-та сезонска победа на Баерн во Бундеслигата. Влезе во игра во 65 минута, а во 79 минута го постигна единствениот гол на средбата. Во последната минута од мечот, домашните имаа можност да дојдат до бодот, но ударот на Акола од белата точка ја одбрани голманот на Баерн, Свен Улрих.

Дури три натпревара расплетот го имаа во судиското продолжување. Најголем пресврт направи Аугсбург кој пред своите навивачи го надомести заостанување од два гола против Фрајбург. Хет-трик постигна исландскиот репрезентативец Алфред Финбогасон кој ги доведе домашните во водство во првата минута, а со двата погодока во првата и втората минута од судиското продолжување му донесе бод на Аугсбург.

Ајнтрах до 82 минута имаше водство од 2:0 против Шалке, а потоа ги изгуби двата бода. Јовиќ во првата минута и Халер во 65 минута беа стрелци за екипата од Франкфурт. Автори на пресвртот неа Емболо во 82 минута и Налдо во петтата минута од продолжувањето кој во последните секунди ја затресе мрежата на домашната екипа и му донесе бод на Шалке.

Заостанување од два гола надомести и Мајнц на гостувањето во Бремене со головите на Квајсон во 70 и Фреи во третата минута од судиското продолжување. По само 17 минута Вердер водеше со 2:0 со головите на Баргфред во 2 и Белфоди во 17 минута.

Во 17-то коло до првата сезонска победа дојде Келн кој со 1:0 го совлада Волсфбург, а голот веден три бода го постигна Клеменс во 67 минута.

На табелата води Баерн со 41бод, втор е Шалке со 30 бодови, трета е ЛБ Лајпциг има 28 бодови и натрпевар помалку. И четвртопласираната Борусија Менхенгладбах има 28 бодови. Во опасната зона се Вердер и ХСВ Хамбург со по 15 бодови и последниот Келн кој има само 6 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.