ВИДЕО: Еве зошто вашиот багаж по летот може да биде уништен или загубен

Ако случајно се прашувате зошто вашиот багаж по патувањето со авион е уништен или изгубен можеби оваа приказна и овие видео снимки ќе ви ја откријат причината.

Меѓународниот аеродром во Сан Хозе неодамна на патниците им упати јавно извинување откако во јавност се појавија видео снимки како вработените ракуваат со багажот. Веднаш потоа, се појавија и видео снимки од други аеродроми во светот.

Така најпрво се појави видео од аеродромот во Ријад каде двајца носачи на багаж се фатени како за време на истоварањето на куферите во кои меѓу другото имало и кршливи предмети само ги фрлале на лентата. На крајот на приказната двајца надзорници и тројца вработени добиле отказ, а видеото е прегледано 200.000 пати.

Речиси иста судбина имал и багажот на италијанскиот аеродром Бергамо, што носачите го уфрлале во авионот без многу гижа и внимание. Сето тоа било снимено од еден патник од соседниот авион, па и оваа снимка брзо се најде на интернет.

Дека фрлање на багажот нема само во Азија и во Европа, туку и во Америка и тоа не само на Сан Хозе покажа и примерот од њујоршкиот аеродром Њуарк, каде вработената дословно го „злоставува“ и „тепа“ багажот.

Пред шест години со авион се превезувал и музичарот Дејв Карол кој својата гитара ја ставил во багажот. По летот го земал багажот и видел дека гитарата е оштетена, а авиокомпанијата не се огласувала на неговите мејлови и повици. Тој исфрустриран, одлучил да напише песна за тој настан, која веднаш станала вистински хит.

Сигурно дека само поради оваа антиреклама авиокомпанијата зажалила што го одбила Карол, па на крај му се јавиле и му понудиле надоместок.