Багдад: 18 лица загинаа, 38 повредени во самоубиствен напад во кафуле

Најмалку 18 луѓе загинаа, а 38 се повредени во синоќешниот  самоубиствен бомбашки напад во едно кафуле во Багдад.

Локалната полиција соопшти дека бомбашот-самоубиец ја активирал експлозивната направа додека се наоѓал меѓу гостите во кафулето, кои гледале фудбалски натпревар во квартот Вашашу во Багдад.

Во Ирак е регистриран пораст на насилството какво што не е забележано уште од 2008 година.

Јавните места, како што се кафулињата, рестораните, џамиите и продавниците се најчеста мета за напад од страна на милитантите, кои се обидуваат на секој начин да ги спречат напорите на шиитската Влада за одржување стабилна безбедносна ситуација во земјата.