Свет

Багдад: 20 убиени во серија напади

Багдад: 20 убиени во серија напади

Најмалку 20 лица загинаа во серија  напади  во ирачката престолнина Багдад, а одговрноста ја превзема локалниот огранок на озогласената Ал Каеда.

Бомбашки напади се случиле вчера во шиитските делови на Багдад каде загинаа 20 лица, а над 40 се повредени.

Најсмртоносен бил нападот кога два автомобили-бомби експлодираа речиси во исто време во две улици во шиитскиот кварт Шула, во северен Багдад, при што загинаа девет лица, а 19 се повредени.

Во третата експлозија на автомобил-бомба во близина на мал ресторан во источниот дел на Багдад загинаа четири лица, а 13 се повредени.

Претходно, експлодира уште еден автомобил-бомба во шиитски кварт во Нов Багдад при што настрадаа петмина, а 13 се повредени.

Во меѓувреме, ирачките власти објавија фотографија на човек, за кого тврдат дека е лидер на локалниот огранок на Ал Каеда.