Багдад покрена воена операција во Киркук, Курдите се мобилизираат

Официјален Багдад во петокот започна воена операција во покраината Киркук, соопшти за медиумите генерал од местото на изведувањето на операцијата, додека фунционер од автономната покраина ирачки Курдистан најави дека Курдите се подготвуваат да ги бранат своите позиции во регион богат со нафта за кој сметаат дека им припаѓа.

„Ирачките вооружени сили напредуваат за да ги преземат воените позциии заземени во настаните од јуни 2014 година“, кога пешмергите (оние кои не се плашат да умрат – курдските борци) дојдоа до позициите на војската на централната власт во хаосот настанат со неочекуваната офанзива на ултрарадикалната сунитски групација Исламска држава, изјавил за AFP неименуваниот ирачки генерал.

Позициониран јужно до градот Киркук, кој беше центарот на тензиите пред две седмици кога се спроведуваше референдумот за курдската независнсот, генералот додал дека владините сили, стационирани југозападно од градот, тргнуваат кон југот на истоимената покраина.

Ирачките сили ја заземале „во петокот утрото базата 102, западно од градот Киркук, во близина на автопатот кој води кон Тикрит, напуштена без борби од страна на пешмергите, кои таму беа до вчера вечерта, а муницијата се’ уште се наоѓа таму“, рекол генералот.

Од своја страна, Хемин Хаврами, своетник на претседателот на автономната покраина Курдистан, Масуд Барзани, напиша на Twiter дека „илјадници тешко вооружени пешмерги сега се стационирани околу Киркук“.

Владата на ирачки Курдистан тврди дека веќе неколку дена владините сили се подготвуваат со сила да ги заземат нафтоносните полиња во регионот Киркук, за кој сметаат дека им припаѓа и централните власти во Багдад и покраинските власти во Ербил.