Багдад: Во бомбашки напади загинаа најмалку 11 лица

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во серија бомбашки напади во ирачкиот главен град Багдад, објави МИА.
Една од бомбите експлодирала на пазар во северниот дел од градот, при што четири лица загинаа, а деветмина се повредени.

Друг напад се случил на фрекфентна улица во источниот дел на Багдад, во кој се убиени две лица, а осум се повредени.

Во центарот на Багдад експлозивна направа избувнала во сервис за автомобили и усмрти две лица.

Четвртата бомба експлодира во индустриска зона во западниот дел од ирачкиот главен град. Во инцидентот животот го загубија три лица и седуммина беа повредени.