Багериста нелегално вадел песок од коритото на Пчиња

На 21. овој месец, во селото Клечовце, кумановско, поточно кај железничкиот мост на река Пчиња, забележано е како работна машина – Багер управувана од Б.Ј.(51) од Крива Паланка, од самото речно корито вади песок и го товара во две товарни возила сопственост на ДПТТУ„АНРА-ЦЕНТРУМ“ ДОО увоз-извоз село Мала Речица, Тетово.

Од извршените проверки констатирано е дека правното лице ДПТТУ „АНРА-ЦЕНТРУМ“ нема водостопанска согласност за вадење на песок од речно корито, туку дека работат на изведба на Железнички мост како подизведувачи ангажирани од страна на правното лице Х.Ф. ВИБЕ ГмбХ & Ко.КГ-Подружница во Република Македонија. Исто така е утврдено дека согласно проектната документација тука требало да се изѕидаат бетонски брегови со цел да се изврши пренасочување на водата од речното корито помеѓу столбовите на мостот. Со потврда за привремено одземени предмети, одземени се  багерот и двете товарни возила заради незаконско вадење на песок од речното корито.

По целосно расчистување и документирање на настанот ке биде поднесена соодветна кривична пријава