Балкан

Бајатовиќ ќе „лета“ од Србијагас ако не наплати милијарда евра

Бајатовиќ ќе „лета“ од Србијагас ако не наплати милијарда евра

Душан Бајатовиќ, најплатениот директор во Србија, мора до јуни да го намали долгот за дури 121.158.953.158 динари или околу милијарда евра, колку што фирмите и институциите му должат на „Србијагас“, како и да го реорганизира јавното претпријатие, бидејќи во спротивно ќе остане без директорска фотелја, објавува српски Курир, а пренесува НетПрес.

Така, како што вели изворот на Курир, одлучил премиерот на Србија, Александар Вучиќ, кој не може повеќе да ги толерира загубите на „Србијагас“.