Бајден: Кипар клучен снабдувач за гас за Европа?

Потпретседателот на САД, вчера Џозеф Бајден истакна дека потенцијалот на Кипар да стане клучен снабдувач на природен гас за Евопа, додавајќи дека новооткриените резерви на фиосилни горива представуваат единствена можност за овој поделен медитерански остров и ветуваат поддршка од американската влада во напорите за соединување на Кипар.

„Кипар е подготвен да стане клучен играч претворајќи го медитеранот во ново глобално чвориште на природен гас“, рекол Бајден на ручекот приреден од кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, пренесува Асошиејтед прес.

Претседателот на Кипар рекол дека наоѓалиштата на гас во водите на Израел може да пружи можност“, алтернативниот енергетски коридор кој ќе води кон јакнење на енергтската безбедност“.

Американската новинска агенција истакнва дека Западот сака да развие алтернативни добавувачи на природен гас, а дека „добавувачот број еден, Русија, се заканила дека би можела да редуцира од испораките или да ги зголеми цените за европските потрошувачи, во рамките на дипломатската поделба околу Украина.“

Новинските агенции истакнуваат дека обединет Кипар би ги олеснил извозот на израелскиот и кипарскиот гас за Европа, преку Турција.

Бајден одвоено се сретнал со лидерот на кипарските Турци, Турак Дервиш Еуроглу, а во еден ресторан во „тампон зоната“ на ОН, која ја дели Никозија, вечерал заедно со Анасијадес и Еуроглу. Тој не рекол дека лидерите на обете заедници се согласиле да ги забрзаат обновените мировните преговори.

Турција изврши инвазија во Кипар во 1974 после воениот удар поддржувачите на обединувањето на овој остров со Грција и изминатите четири децении островот  и понатаму е поделен меѓу северниот, турски и меѓународно признатиот јужен дел во кој живеат Грците.

Турција е единствена која ја признава самопрогласената независност на кипарските турци на северот и држи 35.ооо војнци во овој дел. Анкара, која не го признава суверенитетот на Кипар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.