Бајден: САД и ЕУ ќе преземат поостри санкции кон Русија

САД и сојузниците ќе работат и понатаму на санкционирање на Русија, ако Москва не го сопре насилството на сепаратистите во Украина, соопштува американскиот потпретседател, Џо Бајден.

Бајден во своето обраќање истакнал дека Русија не престанала со праќање на оружје и екстремисти преку границата, соопштува Белата куќа.

„Потпретседателот рече дека САД ќе работи со своите партнери во поставување на дополнитени, поостри мерки за Русија, ако таа продолжи да работи во досегашниот правец“, е наведено во соопштението од Белата куќа.

САД и ЕУ воведоа санкции за некои Руси и руски компании по припаѓањето на Крим под Русија во март и се заканија со поголеми економски санкции во областите како енергетика и рударство.

Лидерите на ЕУ ќе дискутираат за санкциите кон Русија на состанок н а 27 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.