Бајден: САД никогаш не го напуштија Балканот

САД никогаш не го напуштија балканскиот регион, порача денеска од Загреб, американскиот потпретседател Џо Бајден во реакција на некои новинарски написи во Хрватска дека Вашингтон „повторно се враќа на Балканот“, пренесе МИА.

Ми ги преведоа пишувањата во весниците. Сакам да порачам. Моето присуство тука не е враќање. САД никогаш не го напуштија Балканот, нагласи Бајден.

Во врска со присуството на Бајден на денешниот регионален Самит Брдо-Бриони во Загреб, некои хрватски медиуми оценија дека тоа е показател оти во услови на бегалската криза и зголемените терористички закани САД повторно се враќаат на Балканот, откако по завршувањето на војните во 90-те години на минатиот век, водечката улога во регионот и ја препуштија на ЕУ.

САД имаат различни зони на одговорност низ светот, накаде во соработка со други, а некаде самостојно, но ние никогаш не сме го напуштиле (Балканот), додаде Бајден по завршувањето на Самитот во Загреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.