Спорт

Бајрамовска прв стрелец за Крим против Будуќност

Бајрамовска прв стрелец за Крим против Будуќност

Традиционалниот меморијален турнир “Јосип Беро Самарџија“ во Копривница го освои екипата на Будуќност, откако во третото коло денеска ја совлада Јувента Михаловце со 40:28. Да потсетиме, црногорскиот претставник е еден од противниците на македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ во рамките од групата Б во Лигата на шампионите.

Нешто порано од денешната програма Будуќност успеа да го совлада и Крим од Љубљана со 32:24. Откако против Локомотива Загреб беше прв стрелец со девет голови, македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска повторно беше најефикасна за словенечкиот претставник и против тимот од Подгорица овој пат со шест погодоци заедно со нејзината тимска колешка Корен. Поранешната македонска репрезентативка Марина Ламбевска за Крим еднаш се запиша во листата на стрелците.