Магазин

Денеска е Меѓународен ден на бакнежот

Денеска е Меѓународен ден на бакнежот

Активирајте ги вашите усни бидејќи денеска е Меѓународен ден на бакнежот.

Иако секој бакнеж има своја симболика и значење, на научниците се уште целоно не им е јасно зошто луѓето се бакнуваат и како и кога започнале да го прават тоа.

Една од теориите е дека бакнежот на почетокот бил начин како мајката да им пренесе на своите бебиња, изџвакана и убаво сомелена храна за полесна консумација. Но, во еволуцијата бакнежот изиграл огромна улога не само како начин на прехрана, туку и како начин на социјално сврзување и израз на љубов.

Денес најшироко прифатената теорија е дека луѓето се бакнуваат бидејќи со помош на бакнежот тие можат да го „надушкат” партнерот, начин на кој преку феромоните се комуницира и се разменува биолошка информација за тоа каков е потенцијалот на нивниот иден потомок.

Најдолгиот бакнеж во историјата траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди и бил постигнат од двојка тајландци во 2013 година.