Бакојани ја критикува владата за ингорирање на опозицијата за разговорите за името

Поранешната шефица на грчката дипломатија и претставничка на опозициската Нова демократија, Дора Бакојани, во петокот на обвини владата предводена од левата коалиција Сириза дека не ја информира опозицјата во земајта за напредокот на резговорите со името со македонската влада.

Министерката за економија и развој во владата во сенка, која беше министерка за надворешни работи во периодот од 2006 до 2009 година, во коментарите од четвртокот изјави дека е „провокативно е политичките сили во земјата да добиваат информации за разговорите со ПЈРМ од веб страници од ПЈРМ и од премиерот Зоран Заев“, а не од грчката влада.

Бакојани, исто така, го нападна владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос за тоа што во изјавата за телевизијата E TV кажа дека „во моментов нема договор, а кога ќе има ќе ги информираме политичките партии и грчкиот народ со цел да се спроведе широка дебата“.

„Срамота е Ѕанакопулос да кажува такви работи“, вели Бакојани инсистирајќи дека политичките партии во земјата треба редовно да бидат инфромирани за развојот на настаните и истовремено го изрази своето незадоволство од „недостигот на демократско чувство покажан од владата за прашање што го засега секој грчки граѓанин, срце и душа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.