вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 17

Бакрачески: Инфраструктурните проекти во Охрид се реализираат според предвиденото

Тој најави и изградба на две нови рекреативни патеки, едната ќе се протега од Кошишта по северната страна на калето и ќе се спои со западната страна, за што во тек се подготвителни работи, а другата од населбата Далјан до Канео, за која земјените работи ќе почнат за две недели.

bakraceski

Поврзани вести

Реализацијата на инфратструктурните проекти во Охрид тече според предвидената динамика, оцени градоначалникот Никола Бакрачески по направениот увид на градежните активности на патот Кромидиште-Рача, реконструкцијата на патеката кај Студенчишта, затворениот пливачки базен при СРЦ „Билјанини извори“ и болницата „Свети Еразмо“, објави МИА.

Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој се прави патот Рача-Кромидишта во должина до 900 метри. Според градоначалникот, се работи за доста не пристапен терен и очекува за една недела да биде завршен.

Пешачката патека од Студенчишта до хотел Парк, во дожина од 1.300 метри, како што истакна Бакрачески, треба да биде готова до крајот на септември или почетокот на октомври, а најави изградба и на пешачка зона покрај каналот Студенчишта до Билјанини извори.

– Се работи за мошне атрактивна патека која ќе се наоѓа меѓу два канали. Конечно малиот канал кој оди паралелно со Студенчишта ќе биде прочистен, прокопан и ќе се изгради ново корито, а на неколку места ќе биде поврзан со големиот канал од каде природно ќе се порибува. Таа зона ќе биде прилагодена за мали пловни објекти – кајчиња со патека за поминување на кајчарите, ќе има една поголема пешачка патека, велосипедска патека, хортикултурно утредена со рустикално осветлување, како и уште една мала патека покрај малиот канал, инфорира Бакрачески.

Тој најави и изградба на две нови рекреативни патеки, едната ќе се протега од Кошишта по северната страна на калето и ќе се спои со западната страна, за што во тек се подготвителни работи, а другата од населбата Далјан до Канео, за која земјените работи ќе почнат за две недели. Во Склоп на СРЦ „Билјанини извори“ во тек е изградбата на затворениот базен, три терени за тенис и повеќенаменско игралиште со трибини, проекти финансирани од Агенцијата за млади и спорт.

– Досега се изработени основите на подлогата, дренажните системи и поставен е асфалт. Изведувачите не уверија дека следната недела ќе биде поставена полиакрилната подлога, со што Охрид ќе добие три најсовремени игралишта за тенис и едно повеќенаменско игралиште. На затворениот пливачки базен се завршени ископите, а поставени се и шест дренажни бунари, тампонирана е основата на базенот и во текот на следниот месец ќе почнат армирачко-бетонските работи. Со почетокот на изградбата на надземниот дел ќе почне да се надзира реализацијата на затворениот пливачки базен, кој ќе биде гордост на Охрид. Покрај затворениот базен ќе се изградат и помошни простории со спа и фитнес центри, кафетерии и деловни простории. Затворениот пливачки базен ќе биде изграде по најсовремени стандарди со геотермални пумпи со соларни колектори кои ќе овозможат неколкуктартно да се намали потрошувачката на електрична енергија, изјави Бакрачески.

Тој оцени дека во поодмината фаза е реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс „Свети Еразмо“.

Најчитани вести